Thursday, March 4, 2010

СЕНКИ, LOVELY BONES и (ДЕ)МИТОЛОГИЗАЦИЈА НА 2001


Се сеќавате ли на интервјуто со Милчо Манчевски по повод неговиот филм „Сенки“ од 2007 година каде авторот и режисер го објаснува името на филмот.

„Во неделата заврши снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски, чие име од „Коски" се промени во „Сенки", што според авторот е поблиско до суштината на неговата идеја. „Сенки" целосно се снимаше во Македонија, со комплетно македонска актерска екипа, но со силна европска поддршка и учество на големи авторски имиња од светската филмска сцена. ...
... Една од работите што се променија е насловот - филмот сега се вика „Сенки", што е поблиско до суштината на она за што зборува, а и попоетски е. „Коски" му беше моминско име, сега се вика „Сенки"...“
Интервју Утрински весник во бр.2175 од 16 октомври 2006 г

По повод на основната тема - упокојување на душите на починатите и непогребаните луѓе - во белградска „Политика“ (Иван Аранѓеловиќ 19.04.2008), Милчо објаснува дека филмот како медиум е многу погоден за обработување и разбивање на архетиповите и додава дека му било интересно, старинските форми на преданија, кои некои ги нарекуваат „бабски прикаски“, да ги претстави во нова констелација.
Kubisticki mozaik istine (interview) Politika, 19. 04. 2008 g.

Дали ви ми има дојдено под рака книгата „The Lovely Bones“ („Драги Коски“) од авторката Alice Sebold издадена 2002 година?
Името, најверојатно доаѓа од крајот на книгата во која Сузи (главниот лик) размислува за цврстината и сплотеноста која ги обзема нејзините пријатели и семејството по нејзината смрт:
„ ... Тоа беа тие драги коски кои израснаа околу мојата отсатност: врските-понекогаш неразбирливи, понекогаш настанати со многу висока цена, но често величествени - и се случија откако заминав. И започнав да гледам на работите на начин кој ми дозволуваше да го држам светот без себеси во него. Настаните кои ги донесе мојата смрт беа воглавно коските на телото кои би постанале целина во некој си непредвидлив момент на иднината. Цената која се постави пред мене за да можам да гледам со ова волшебно беживотно тело беше мојот живот....“ страна 363
Поентата на романот е дека душата неможе да се смири ниту со мртвите ниту со живите се додека коските на починатите во земскиот живот не се упокојат праведно.

Го гледавте ли филмот „The Lovely Bones“ во продукција од 24 ноември 2009 година инаку со неколку номинации на BAFTA i Oscar ?
Aко не сте, погледајте го филмот или пак ако претпочитате читање набавете ja книгата.
Сличноста со „Сенки“ е можеби сосема случајна ако се земе предвид универзалноста на темата која се обработува.

Проф. Билјана Ванковска за eReporter на 25.01.2010 г. ќе напише текст под наслов (ДЕ)МИТОЛОГИЗАЦИЈА НА 2001 како коментар на дебата која се водеше на 20. и 21.01.2010 г насловена како „Историја и апокрифи – демитологизација на 2001“
во кој покрај другото стои:
„За разлика од мнозина кои веруваат дека ова се непотребни чеко­ри и дека треба да гледаме само напред, јас отсекогаш сум мислела дека без да има­ме храброст и доблест да погледнеме назад (не до амебите), барем до 2001-та, чекорите ќе ни бидат несигурни и неизвесни.
Ид­нина заснована на полу­вис­ти­ни, недоверба и страв - не е иднина која ја по­са­ку­вам, па таман и ако е во евроинтегративна об­лан­да. Голем дел од заблудите со кои се соочува општест­во­то, а кои за жал пос­то­јат дури и во научната фела, про­излегуваат од базичното не­знаење или иг­но­ри­рање на фактот дека кон­ф­лик­тот и насилството се две раз­лич­ни работи, дека конф­ликтот има циклична при­ро­да (т.е. дека не претставува пра­волиниски про­цес со точка на почеток и крај, па оттука не е точна ни тезата де­ка Рамковниот до­говор го окончал конфликтот) и дека без идентификација на из­ворите на на­сил­­ство, тоа може да избие дури и ако се верува де­ка „конф­лик­тот е конечно зад нас“ (а тоа кај нас не е ни случај)....“

„...Иако е претерано да се збо­рува за митови кои немаат ни десет­го­диш­на ис­торија, сепак приказната заслужува да се осветли, бидејќи таа не е ништо дру­го туку индикатор ка­ко и во која мера директното насилство од еден период се преточило во друг вид на насилство - во т.н. културно насилство....“

„...Еден од начините за при­бли­жу­вање до оваа цел е осу­да­­та на злос­тор­ст­вата, и не само фарсата која се одвива пред судот, туку и на оние кои намер­но се турнати во заборав, како Вејце, „Бри­они“ или длабоките јами кои ја кри­јат тајната за изчезнатите. Нема мир за опш­тест­вото додека ро­ди­те­ли­те, соп­ру­гите и децата не ја дознаат вистината за сво­и­те сакани, без оглед од ко­ја стра­на на Радуша паднале.“

Текстовите се превземени од:
http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=4281
http://www.facebook.com/note.php?note_id=274610742688

Душата покој бара. Живите се должни да ги остават и да им обезбедат на коските на мртвите да почиваат во мир. Тие што се обидуваат да ги заборават гробовите од минатато и ги запретваат хумките на сегашноста, копаат само нови јами за иднината. Изникнатите никулци на соживот и заеднички просперитет на овие простори треба постојано да се залеваат со бистра и незагадена вода за да можат да пораснат и опстојат ако и само ако плевелот навреме и од корен се истреби и црното семе на омразата до последно зрно се сомеле на воденичкиот камен придвижуван од сите чесни граѓани кои татковината ја носат во своите гради.

No comments:

Post a Comment