Friday, May 28, 2010

МОЕТО ИМЕ Е МОЈА РАБОТА




Постојат само три вида работи:
Моја, Твоја и Божја работа
(Бог по твое сваќање)
Кога ментално не сум во мојата работа се чувстувам оделен и осамен.
Да препоставам дека знам што е најдобро за тебе е чиста ароганција.
Во крајна линија, можам ли навистина да знам повеќе од тебе самиот или од Бога за твојот живот и твојата благостостојба?
Оваа ароганција носи напнатост, грижа и вознемиреност.
Исто така кога ментално сум во туѓа работа, јас не сум присутен во сопствената работа.
Ако мојата сопруга си го живее животот, а јас ментално живеам во нејзината
работа, тогаш нема никој со мене; се разбира, тогаш сум осамен.
Кога некој со години живее во сечија работа, освен во својата, тогаш низ сопствениот живот чекори како мртов.
Стравот е резултат на две работи:
1.Ќе ми го земат тоа што го имам (ИМЕТО)
2.Нема да ми го дадат тоа што го сакам и ми припаѓа. (Правото на моето ИМЕ).

Македонците како нација на Балканот го доживуват едното, другото или и едното и другото истовремено.

Реалноста е Највисоко Правило

Тоа што е, тоа е!

Јас едноставно престанав да се расправам со реалноста.
Како знам дека ветерот треба да дува? Ветерот дува.
Како знам дека Сонцето треба сите да не грее? Сонцето сите на земјава не грее (но не подеднакво).
Како знам дека ова е тоа што треба да биде сега? Се случува сега.
Расправањето и полемизирањето со “тоа“ што е, е како да учиш мачка да лае.
Безнадежно. Му кажувам ли јас на дрвото како треба да расте?
Јас знам дека реалноста е добра затоа што секој пат кога се расправам со неа, чувствувам напнатост и фрустрација. Се чувствувам неприродно и нестабилно.

Менталната збунетост е страдање кое и премногу долго се конзумира во мојата татковина Македонија.


Секое чувство е резултат на претходното верување за кое сме се врзале.
Мислиме, чувствуваме, а потоа делуваме на тоа чувство обидувајки се да го промениме. Во обидот да ги промениме сопствените чувства, посегнуваме вон себе си (во врски, во храна, во алкохол, во дрога) барајки привремена утеха.
Кога ќе почувствувам нешто, ги истражувам сопствените мисли при што забележувам дека
чувството се променува – наместо хаосот се појавува ред. Хаосот не е мојата вистинска природа. Хаосот е едноставно резултат на одредена идеја за која сум се врзал и која се појавила пред да почнам со истражувањето.
Кога се неистражени, многу други идеи се раѓаат од првобитната лага во безнадежен обид да се докаже вредноста на идејата која никогаш не може да донесе мир или соодветно решение.
Непринципиелната група на лицемери здружени во разноразни партии, сојузи, алијанси, заедници, меѓународни организации и тн... поедноставно наречени евро-атлантска наметната култура на живеење...настојчиво се обидуваат да обезименат една нација со богата култура и традиција на живеење со векови наназад, недозволувајќи притоа никому да размислува за поинаква иднина од нивната стандардизирана перспектива за современо живеење.
Не смееме да дозволиме за НАШЕТО ИМЕ кое е исклучиво само НАША РАБОТА некој надвор од нас самите да ни ја крои индината по негов терк.

МОЕТО ИМЕ е МОЈА РАБОТА.
Јас сум и се чувствувам МАКЕДОНЕЦ секаде каде што ме има, точка.

Ве поканувам радосно да го очекувате секое непријатното чувство и со
помошта на истражувањето (Работата) да дојдете до сознанието со кое
ќе ја разберете сопствената нелагодност.
Зошто да чекате нешто или некој надвор од Вас самите да Ви донесе задоволство и хармонија?
Сашо,
28.мај 2010 год
Монс, Белгија
Мисливе, проткаени со моите лични видувања и убедувања, се превземени од книгата The Work of Byron Katie
„Работата“
од Бајрон Кеити
(Превод на Македонски)

......″Оваа книга е богатство
Таа е комплетно образование.
Ќе те однесе внатре во тебе.
Сакаш ли да тргнеш по патот?″

“Сакаш ли навистина да ја дознаеш вистината?″

Оваа книгичка ќе те лансира во најдлабокото
искуство од твојот живот.
Нејзина цел е твојата слобода.
Следејки ги овие едноставни упатства,
илјадници луѓе открија дека
нивните врски драстично се подобруваат,
стресот станува нешто на што се смееме
а среќата се појавува како длабоко
непрекинато доживување.....
Повеќе на линкот: http://www.thework.com/index.php