„Еднаш еден голем учител му рече на својот ученик:
- Појди и купи ми нешто убаво за јадење!
Ученикот отиде на пазар и му купи јазик. Учителот повторно го повика својот ученик и му рече:
- Појди и купи ми нешто лошо за јадење!
Ученикот отиде на пазар и повторно купи јазик. Тогаш учителот го запраша:
- Кога те пратив да купиш нешто добро за јадење, ти ми купи јазик.
Истото го стори и кога те пратив да ми купиш нешто лошо за јадење. Зошто?
Ученикот одговори:
Од јазикот доаѓа се што е добро и се што е зло.
Кога јазикот е добар - помил од него нема,
но кога е поган - полош од него нема.
Еврејска народна приказна“

Познавам едно девојче што има навистина убави црти на лицето ... се додека молчи. Кога ќе отвори уста понижува и навредува се околу неа, па никој не ја забележува нејзината убавина. Никој не ја сака, а што е најтрагично некои дури и ја сожалуваат. Си ја ставила убавината пред интелегенцијата и што сме добиле... одбивна личност.
Такво чувство на одбојност секогаш ќе ме преѕемне и трнки ке ми полазат низ телото, кога ќе ги слушнам партиските превртливи безрбетници и пишман аџии како крволочно го напаѓаат противничкиот табор во кој истите биле до вчера.
Градот во кој израснав се соочи со водена стихија во средина на седумдесетите години од минатиот век. Половина од куќите беа поплавени и огромна материјална штета беше направена. Бидејќи тогашната наша зедничка социјалистичка татковина беше и поголема и економски појака (барем така мислевме), не половина, туку сите жители кои имаа куќи во градот добија помош и кредити кои не мораа да ги враќаат .
Дури и тие кои живееја по ридовите и кои капка вода не ги натопи.
Тие што живееја покрај реката и немаа куќи, ниту пак минимални стандарди за пристојно живеење, добија убаво испланирана и уредена населба со бараки на влезот од градот. Населбата и ден денес постои само што жителите ги продадоа бараките и си се вратија да си живеат во колибите покрај реката со лесно спечалените пари, надевајќи се на повторни големи дождови и повторна социјална помош од власта жедна за гласови (и локалната и централната), што навистина и се случи пред извесно време. И повторно истите тие без срам и образ повторно си земаа од социјалната помош. Па нели сме, ете покрај другото и социјална држава.
Деновиве над жителите околу Охридското езеро демнее реална закана од природна стихија. Над поднебјето, кое е лулка на словенската писменост и култура, катадневно се истрелуваат канонади од изјави, апели, прес конференции, стручни анализи, препукувања на релација локална-централна власт, позиција-опозиција, дури и обиди за интернационализација на надојдените води кои во краен случај и се појавија како последица на глобалното затоплување.
При тоа не се води сметка за јазикот на кој се зборува, небаре не научивме ниту еден убав стих испеан од мостовите на поезијата, духовно не го надраснавме животното во нашите срца слушајќи божествена музика и гледајќи театарски и оперски претстави во топлите летни ноќи покрај истото тоа езеро, кое пак , како нем сведок го трпеше силувањето од страна на себичната урбана мафија жедна за профит и брза заработувачка.
Но, ете тој бисер на балканот, заштитен од УНЕСКО и кандидат за едно од Светските чуда по „нов стил“, трпеливо чекаше и си ги дочека своите пет минути, за да ни покаже колку сме мали, јадни и немоќни и уште згора на тоа кратковиди и разединети, закопани во својата малограѓанштина.
Сега не е време за политички кампањи ниту за политички препукувања. Да ги оставиме поганите зборови, да ги оставиме мудрите мисли, поемите, претставите, концертите, патувањата за подобри времиња.
Сега е време да се засучат ракавите од страна на локалните власти и да се помогне на потенцијално загрозеното население во охридско-дебарскиот регион. Од истите тие претставници кои жителите лично си ги имаат изберено да ги водат нив и нивните семејства кон социјален, економски, културен просперитет во градовите во кои живеат.
Сите оние кои престојувале во населените места околу Охридското езеро како туристи, учесници на конференции, курсеви и семинари, а притоа уредно си ја платиле таксата и направените сметките, можат со задоволство да кажат дека ете и тие на некој начин помогнале на жителите од тој дел на земјава да си го подобрат својот стандард.
Централната власт треба да е будна и секојдневно подготвена навремено и одмерено да интервенира со сите свои расположливи инструменти и институции кои ги има на располагање.
Гладниот можеби повеќе ќе се радува на оброкот ако му го развлечеш парчето леб за подоцна, но внимавај да не ти ја разруши фурната со својот гнев ако премногу задоцниш.
Сашо Трифуновски